Државниот инспекторат за труд во врска со новите измени на Законот за работните односи
Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека, „ден на неделен одмор е недела“.
Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд на следниов линк.
Известувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски на следната меил адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.
Дополнителни информации за подрачните одделенија, регионите и контакт информации и телефонските броеви на инспекторите по подрачни одделенија можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=192
Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони. Ги охрабруваме сите работници на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд.
Пријавувањето може да го направат на неколку начини:
– на веб страницата на ДИТ (https://www.dit.gov.mk) анонимно или како пријава од познат подносител,
– со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30,
– преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и
– во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?p=9833
Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми а со цел заштита на правата на работниците.
Измените на Законот за трговија со европско знаменце на собраниска седница
Шахпаска за изгласаните измени на ЗРО за недела како ден за неделен одмор
ОРМ бара дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела
Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време
КСС: Работничките права повторно се под манипулација
„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд
Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти
МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор
Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија
Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО
Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО
Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор
Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии
Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците
Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство
Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право
Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В