Државниот завод за статистика објави податоци во пресрет на Осми март
Државниот завод за статистика објави податоци во пресрет на Меѓународниот ден на жената – Осми март. Просечната возраст на жената при склопување на прв брак е 26,9 години. Просечната возраст на жената при раѓање на првото дете е 27,3 години. Процентуалниот износ на родени женски деца 47,6 %. Бројот на студентки и ученички е 50,6%. Бројот на дипломирани студентки е 4.531. Бројот на вработени жени изнесува 39,5%. Целосните податоци од Заводот може да се преземат на следниот линк.