Државниот завод за статистика објави податоци за бројот на умрени од насилна смрт

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 13,3 % во однос на претходната година и изнесува 477 умрени лица.

„Умрените од насилна смрт учествуваат со 2,4 % во вкупниот морталитет. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот и во 2018 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа со 76,3 %.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70,4 %, самоубиствата со 24,3 % и убиствата со 5,2 %.

Во категоријата несреќни случаи, на прво место се умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 36,1 %.

Кај категоријата самоубиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 13,4 %.

Во категоријата убиства, на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од пиштол, со 1,9 % во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

М.В