/ Прочитано:

1.593

Два египетски острови во судско-политичка спрега

Во 50-тите години на минатиот век била поведена дебата за островите Тиран и Санафир, на која преовладало мислењето дека островите се дел од Саудиска Арабија, а не од Египет. Но, египетската влада, како што јавува „Ројтерс“, во април 2016 донела одлука овие два острова да ѝ припаднат на Саудиска Арабија. Меѓутоа, Судот за итни прашања на Египет минатата седмица ја отфрли ваквата одлука на Владата на Египет.

Судот за итни прашања на Египет минатата седмица ја отфрли одлуката на Владата на Египет два ненаселени острови во Црвеното Море, кои се дел од територијата на Египет, да станат дел од територијата на Саудиска Арабија.

Египетската влада, како што јавува „Ројтерс“, во април 2016 донела одлука островите Тиран и Санафир да ѝ припаднат на Саудиска Арабија, врз основа на општото јавно мислење според кое тие острови отсекогаш ѝ припаѓале на Саудиска Арабија.

Во врска со ова прашање, во 50-тите години на минатиот век била поведена дебата на која преовладало мислењето дека островите се дел од Саудиска Арабија.

Сепак, оваа одлука на судот не го одлага извршувањето на трансферот на островите, иако за да се официјализира одлуката на Владата, таа треба да биде изгласана во Парламентот на Египет.  За одлуката на судот, египетската влада поднела жалба до Вишиот управен суд која сè уште е во процес на одлучување.

За стручната јавност одлуката на Судот за итни прашања е контроверзна. Стручната јавност очекува Вишиот управен суд да ја потврди одлуката на Владата, воедно проблематизирајќи ја јурисдикцијата на Судот за итни прашања, за овој случај.

Експертите сметаат дека Парламентот го става во своја служба Судот за итни прашања и го користи како алатка за манипулација секогаш кога на Парламентот му е од интерес некое прашање или некој процес да стагнира.

Адвокатот за човекови права Калед Али се сомнева во искрените намери на Владата. Тој упатува и кон политичките аспекти во однос на трансферот на островите. Случајот, вели адвокатот, е исполитизиран и се сомнева дека египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси намерно се согласил за трансферот на островите, во замена за финансиска поддршка од Саудиска Арабија.

Односите на двете држави особено се интензивираа откако актуелниот претседател ја презеде функцијата во 2015 година кога Египет и Саудиска Арабија потпишаа договор за подобрување на стабилноста и безбедноста на регионот. Една година подоцна, во јуни 2016, договорено е двата ненаселени острови да станат дел од територијата на Саудиска Арабија.

С. М.