Дваесетта годишна конференција на Македонската берза
Дваесеттата годишна конференција на Македонската берза ќе се одржи денеска во Охрид.
На отворањето на конференцијата е најавено да се обрати премиерот Зоран Заев, како и претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.
На конференцијата ќе се разговара за геополитиката на Западен Балкан – што да очекуваат инвеститорите; за финансирање на корпоративниот развој, за тоа зошто се потребни локалните берзи, за обврзниците итн.
Денеска во Охрид ќе биде доделена и наградата „Кристалното ѕвоно” за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2018 година и награди за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност за 2018 година.