ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ШТИП ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИК

Четврток, 7 мај 2015 – На 21 и 22 мај во хотелот „Оаза“ во Штип, Академик ќе организира обука – работилница за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори. Искуствата и практичните примери за правилно спроведување на  постапките за доделување договори за јавни набавки на учесниците ќе им ги предочат реномирани експерти од конкретните области и практика. Меѓу другото, учесниците ќе имаат единствена можност да се запознаат со најновите нацрт-измени на Законот за јавни набавки.

Одговорите на сите прашања поврзани со тематиката ќе ги образложат истакнатите експерти:

Маја Малахова, м-р правни науки – претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и со претходно искуство како судија и адвокат.

Татјана Пешевска, дипломиран економист – раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки.

Ирена Стоименова, дипломиран економист  – советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување договори за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, со искуство во имплементирање на законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Зaконот за јавни набавки..

Предавачите поконкретно ќе се осврнат на досегашни искуства, на најчестите грешки и упатства со примери за подготовка на техничките спецификации за набавка на стоки со цел добивање согласност од Советот за јавни набавки, како и на нацрт-измените на Законот за јавни набавки во однос техничките спецификации. Ќе се елаборираат и досегашните искуства, најчестите грешки и упатства со примери во однос на критериумите за економска, техничка и професионална способност и стандарди за системи за квалитет на економските оператори, со цел добивање на согласност од Советот за Јавни набавки и нацрт-измените на Законот за јавни набавки во однос на критериумите за способност. Исто така, на работилницата подробно ќе бидат објаснети: нацрт-измените на Законот за јавни набавки во постапките со барање за прибирање понуди, нацрт-измените за евалуација на понудите, како и нацрт-измени кај постапките со преговарање без претходно објавување оглас за изведување работи. Акцент ќе се стави и на електронскиот систем за јавни набавки преку практични примери и решенија, а и на проблемите што би можеле да се јават во пресрет на новите нацрт-законски решенија.

На финалниот дел од работилницата, пак,  ќе биде  анализирано прашањето за постапувањето при жалби пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, но и какви се непосредните искуства на оваа комисија во таа насока. 

Вообичаено за обуките на Академик предвидено е и доволно време за прашања, дискусии и практични примери.

Пријавете се најдоцна до 19.5.2015 (вторник) на телефонските броеви: 02/3221-821, 02/3237-465 или на е-пошта: practicum@akademik.com.mk.

Учесниците на работилницата ќе добијат и сертификат за учество.