ДЗЛП за 2012: Голем број инспекции, промоција на приватноста и успешна меѓународна соработка
Среда, 8 мај 2013 – Промоција на приватноста, едукација за обработка на личните податоци, зголемен број на инспекциски надзор и успешна меѓународна соработка, вака Дирекцијата за заштита на податоци (ДЗЛП) ја оценува изминатата година во својот Годишен извештај што се наоѓа на прво читање на собраниска комисија.
Во однос на инспекцискиот надзор, ДЗЛП во минатата 2012 година трикратно ги зголемила инспекциите за разлика од минатите две години. Извршени се вкупно 368 инспекции, од нив 273 се редовни, а 95 вондредни. Во 2011 година имало 146, а во 2010 направени се 117 инспекциски надзори. Редовните се вршени во државните органи, правосудството, игри на среќа, телекомуникации, единици на локална самоуправа, образование, сообраќај. Вондредните кои се вршат по пријава се направени во областите со набдубање на топла вода, домување, видеонадзор, неосновано задржување или копирање документи за лична идентификација, директен маркетинг, катастар, игри на среќа.
Поради советодавната улога на ДЗЛП дадени се мислења, укажувања, одговори по претставки и предлози, донесени интерни акти, дадени мислења и учество во носење на законски прописи, пренос и обработка на биометриски податоци. ДЗЛП постојано врши обуки на контролорите и обработувачите на податоците, стои во Извештајот.