13 јуни, 2013 14:16
paula
/ Прочитано:
ДЗС: Минатата година најмногу се градело во Полог
Четврток, 13 јуни 2013 – Минатата година, по региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, па во Југозападниот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, од страна на индивидуални сопственици се извршени градежни работи во вредност од 13 024 417 илјади денари.
„ Во текот на 2012 година се градеа вкупно 4 083 објекти и завршени се вкупно 5 174 станови со вкупна површина од 493 607 м2, од коишто 209 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 14 246 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 95.4 м2. По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, во Југозападниот“, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.