ДЗС: Потрошувачка на енергенти за јуни 2022
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 521 750 МWh електрична енергија, 3.139 мил. нм3 природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.1 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Целосното соопштение на Државниот завод за статистика можете да го прочитате тука.