/ Прочитано:

1.213

ДЗС: Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24.203 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 106.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20,4%), Информации и комуникации (16,7%) и Преработувачка индустрија (14,7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24.203 денари.

М.В