/ Прочитано:

1.316

ДЗС: Зголемен бројот на туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2018 година изнесува 82.635, а бројот на ноќевањата изнесува 164.183.

Бројот на туристите во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 21,4 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,2 %.

Бројот на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 12,3 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 25,5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 6,1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 24,5 %.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18,7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,8 %, а кај странските има зголемување за 23,0 %.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17,5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,3 %, а кај странските има зголемување за 22,5 %.

М.В