/ Прочитано:

1.042

Eдинаесетта специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка: Mодул 3 – Главна расправа

Понеделник, 27 мај 2013 – Eдинаесеттата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 3 – Главна расправа ќе се одржи од 27 до 29 мај 2013 година, во хотел „Континентал“, со почеток во 10:00 часот. Обуката е  во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД. 

Целта на работилницата е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

„На обуката сите поважни одредби се разработени со теоретски дел кој е поткрепен со потребни материјали за практичните вежби кои заедно со прирачникот за обуката се објавени на веб страната на Академијата. Поради интерактивноста на обуката и потребата од реализација на вежби од страна на учесниците на обуката потребно истите пред обуката да се запознаат со материјалите за вежбите“, посочуваат од Академијата за судии и јавни обвинители.  

Обуката ќе се одрж во присуство на вкупно 28 учесници и ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: Момир Маричиќ, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Љиљана Шопова, судија во Апелационен суд Скопје, Зоран Димитриевски, судија во Апелационен суд Скопје, Миле Костадинов, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Кочани, Јаким Наумов, адвокат од Скопје и проф. д-р Гордана Бужаровска, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.