/ Прочитано:

1.841

Единствен дигитален пазар за развој на дигиталното општество

„Дигитализацијата и реформите во ИКТ-сферата во Западен Балкан во моментот се дел од приоритетите на Европската комисија. Со воспоставувањето на единствен дигитален пазар се очекува придонес за развој на дигиталното општество, како и економски раст во регионот, зголемување на иновациите, системски реформи во администрацијата и институциите. Тоа ќе придонесе и за зголемување и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во сите сфери“, беше истакнато на настанот „Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот“.

За целосна дигитална трансформација и за доближување на Македонија до Европската Унија, беше истакнато на настанот, потребни се не само јаки институции, туку и јак приватен сектор, силни компании кои ќе работат на ова поле заедно со нас. На овој начин градиме максимално отворено и транспарентно партнерство.

На настанот беа претставени дел од проектите кои се однесуваат на целосна дигитализација на Македонија и доближување на услугите до граѓаните, а не на граѓаните до услугите.

„Со цел да постигнеме целосна дигитална трансформација ние во моментов работиме на повеќе проекти од оваа област, како што се: е-услуги за граѓаните, креирање на национален портал, портал за отворени податоци, отворање на технолошки парк, стратегија за широкопојасен интернет“, информираше министерот Манчевски, додавајќи дека во креирањата на тековните активности и на идните планови на МИОА активно се вклучени ИКТ-компаниите.

M.В