/ Прочитано:

1.195

Едит Киндерман е новата претседателка на Германската адвокатска комора

Едит Киндерман е новата претседателка на Германската адвокатска комора (DAV), информираат од Советот на адвокатски комори и правни здруженија.

Таа е прв адвокат и жена нотар, која беше избрана на највисоката функција во DAV на 23 март 2019 година. Едит Киндерман има 56 години и работи како адвокат уште од 1992 година.

За време на нејзиниот претседателски мандат, таа планира да се фокусира врз измените на правилата во однос на адвокатските тарифи, за да се обезбеди правилна награда за адвокатските услуги, како и врз реформите на професионалните прописи што ја регулираат адвокатската професија.

Таа ќе се обиде да се справи со уште поголем предизвик, односно со сè поголемата дигитализација на пазарот на адвокатски услуги. Покрај тоа, таа сака да го одбрани и подобри пристапот до правдата за сите граѓани. Едит Киндерман е претседателка и на Комисијата за адвокатска тарифа на DAV, како и член на Извршниот одбор на Германската адвокатска комора уште од 2011 година.

Заклучоци од пленарната седница на CCBE во Порто

Нов информативен билтен на Советот на адвокатски комори и правни здруженија на Европа

М.В