/ Прочитано:

927

Еднодневна обука на тема: „НАТО и меѓународното хуманитарно право“

Вторник, 2 април 2013 Еднодневна обука на тема: „НАТО и меѓународното хуманитарно право(МХП)“, денеска во Скопје организира Евро – атлантскиoт совет на Македонија.

Работилницата е дел од активности во рамки на „НАТО неделата – обезбеди ја иднината”, а се реализира во соработка со Црвениот крст на Македонија.

Покрај традиционалниот дел за основите на МХП, работилницата ќе се осврне и на предизвиците на ова право во современ контекст, особено од аспект на мировните операции и справувањето со тероризмот.

Oбуката ќе ја спроведат врвни професори од областа на Меѓународното хуманитарно право, како и претставници од Евро-атлантскиот Совет на Македонија и Црвениот крст на Република Македонија.