/ Прочитано:

1.773

ЕДУКАЦИЈА, ПРАКТИЧНИ НАСОКИ И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА: Обука на Академик за измените на Законот за катастар на недвижности во корелација со други закони

Вторник, 13 октомври 2015 – Академик заокружи уште една успешна обука посветена на крупните реформи и примената на конкретните измени на Законот за катастар на недвижности (Сл.весник бр.116/15) во корелација со други закони. Преку интерактивна дискусија на обуката воедно се пренесоа и искуствата од соработката со професионалните корисници на е -кат шалтерот.

Во првиот првиот блок на обуката, кој се однесуваше на лицата кои согласно измените во Законот за катастар на недвижности и другите материјални закони мораат да прибавуваат и доставуваат податоци по електронски пат од АКН, се елаборираа насоките за исполнување на оваа обврска.

Во вториот блок, пак, се говореше за искуствата од соработката со професионалните корисници на е-кат шалтерот. Беа презентирани и заземените ставови и разрешени дилеми од досегашната соработка со професионалните корисници на е-кат шалтерот.

Предавач на обуката беше Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, кој заедно со тимот од инситуцијата со која раководи, за односната проблематика имаа мошне корисни предавања, сугестии и совети до учесниците на обуката, а во функција на правилно применување на измените и новините на Законот за катастар на недвижности, а во корелелација со другите прописи.

Трпески детално се осврна не само на законските измени кои веќе се применуваат, туку ги најави и конкретните измени кои ќе следуваат во понатамошниот период, а кои веќе се наоѓаат во подготовка. Основната цел на новите решенија, најави Трпески, имаат за цел да ги зголемат ефикасноста и експедитивноста во практичното работење, и затоа крупните реформи и во периодот кој претстои ќе добијат на динамика.

Во рамки на еднодневната обука, покрај излагањата на предавачите, се разви и дискусија на која се разменија искуства и се дадоа одговори на прашањата што предизвикуваат дилеми и проблеми во практиката.

Учесниците на обуката, која беше наменета за проценители, вештаци, стечајни управници, судови, Јавно обвинителство, Државно правобранителство, министерства и органи на државната управа, трговски друштва и трговци-поединци кои вршат геодетски работи, нотари, извршители, банки, општини, адвокати, имаа одлична можност на непосреден начин да ги добијат информациите и објаснувањата кои им се потребни за нивното практично работење.

Тие нагласија дека предавањето и дискусијата за темата за нив ќе биде од особена важност и корист и го поздравија факот што тимот од Агенцијата за катастар на недвижности посвети внимание кон нивните барања преку креативен едукативен пристап.

„За нас е од голема важност што предавањето навистина беше одлично. Податоците, икуствата, информациите кои се дадоа разјаснија многу дилеми. За практичната примена на измените на Законот за катастар на недвижности, неопходно е да има вакви суштински појаснувања “, велат Павлина Барамачева и Анета Партинова од Стопнаска Банка АД Скопје.

„Прездаволна сум од начинот на кој беше релизирано предавањето, многу информации, јасни насоки како да се постапува и што допрва ќе се преземе во делот на законските измени. Одлична обука, имаме одлични впечатоци од тука“, вели Пепита Стојковска од Општина Велес.

 „Корисна обука. Ја оценувам позитивно. Предавањата беа добри, имаше практични објаснувања и примери. Во таа смисла, помина во најдобар ред“, вели Мирослав Дрангов од Халк Банка АД Скопје.

Претставниците од Нотарската комора, Наџи Зеќири и Олга Димовска на Република Македонија изразија задоволство што непосредно се образложија законските измени и претстојните нови законски решенија во однос на нотарското работење.

Моника Ефремовска од Адвокатската канцеларија на адвокат Мери Младеновска – Ѓеоргиевска вели дека обуката ги постигнала очекуваните цели, особено што на обуката како предмет на анализирање беа и конкретните законски измени кои одат во насока на поефикасно адвокатско работење.

Според Александар Каранфиловски од ДПУ Каранфиловски проценка, ДООЕЛ Скопје, суштинската дискусија, практичните информации и искуствата од соработката со професионалните корисници на е кат-шалтерот придонеле на обуката да има корисна дебата и размена на мислења, поткрепена со образложенија од предавачите.

„Предавачите беа одлични, исто така и организацијата. За да се објаснат сите дилеми кои произлегуваат од практичната примена на законските измени во делот на Катастарот, ваков тип на советувања се потребни. Но, тука е многу важно да се потенцира дека тоа може да се направи само со предавачи кои директно се упатени во тоа“, вели Уранела Аврамовска од Општина Аеродром.

„Супер обука, супер организација. Каде може да се види вака, директно директорот на Катастарот да ги обрзложува измените, тоа е за поздрав. Славче Трпевски е одличен предавач, многу убаво ги обрзложува работите и ние сме благодрани што преку Академик ќе може на најдиректен начин да ги добиеме одговорите кои ни требаат, да развиеме професионални контакти што е и смислата на меѓусебната соработка“, вели Јован Трпевски од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 КАТАСТАРОТ НАЈАВУВА НОВИНИ ЗА АДВОКАТИТЕ: Електронско прибавување на податоците и е – управни тужби