/ Прочитано:

1.636

ЕФИКАСНИ АДВОКАТСКИ КАНЦЕЛАРИИ: Како да ги исполните работните рокови

Чекањето, повторувањето на работите, обемната обработка, трупањето на материјалот, непотребното трошење време, размената на информациите и давањето предност на помалку важните работи, се основните грешки и пропусти што ги има во работењето на речиси секоја компанија и адвокатска канцеларија.

Илустрација, Адвокатска канцеларија

Во својата колумна објавена на веб-страницата „Легал трек” (legaltrek.com), поранешниот професор на Универзитетот „МИТ“ во Бостон, Џон Маеда пишува за пропустите што се прават во една адвокатска фирма и дава совети како да се зголеми ефикасноста во работењето. Тој пишува дека секоја компанија има барем седум главни причини кои ѝ го забавуваат процесот на менаџирање.

Чекањето, повторувањето на работите, обемната обработка, трупањето на материјалот, непотребното трошење време, размената на информациите и давањето предност на помалку важните работи, се основните грешки и пропусти што ги има во работењето на речиси секоја компанија и адвокатска канцеларија.

Опасностите од овие можни грешки, кои се закана за секоја адвокатска канцеларија, се дека со нив работата ќе стане бавна, нема да биде извршена во рокот за кој е предвидена и со тоа ќе се намали целата ефикасност на вработените.

Процесот за подобрување на ефикасноста во работењето вклучува намалување на времето за чекање за извршување на одредени задачи. Тоа значи, пишува Маеда, дека во ниту еден случај вработените во канцеларијата не треба да го губат времето додека чекаат да добијат некој имејл или додека добијат некоја информација од колега или од претпоставениот.

Исто така, големо губење време за искусните адвокати кои се сопственици на адвокатски канцеларии е корекцијата на работата и документите на помладите адвокати и приправници.

Затоа, пожелно е поискусните адвокатите од адвокатската канцеларија да го водат одделот со приправниците или практикантите.

Решението на овие проблеми е во поедноставувањето на работите преку добра организација и заштеда на времето кое непотребно се губи. Учењето и надградувањето на целиот колектив во адвокатската канцеларија е секогаш добредојдено, а така ќе се подобри и ќе се зголеми довербата помеѓу вработените.