/ Прочитано:

896

Ефикасноста на Судот за човекови права и слободата на медиумите во Европа дел од темите на кои ќе се дебатира на ПССЕ

Вторник, 22 јануари 2013  Состојбата во Косово, слободата на медиумите во Европа, ефикасноста на Судот за човекови права, претстојната Конвенција на Советот на Европа за спречување на недозволената трговија со човечки органи, пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, како и хуманитарната состојба во конфликтните зони и областите зафатени од војната меѓу Грузија и Русија – се темите на кои ќе се расправа на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур што ќе се одвива 21 до 25 јануари се одржува во Стразбур. 

На редовната зимска сесија учествува и делегација на Собранието на Република Македонија.

ПССЕ меѓудругото ќе дебатира и по две ургентни точки и тоа за последните случувања во Мали и Алжир и заканите по безбедноста и човековите права во медитеранскиот регион, како и за миграциите и азилот и растечките тензии во Источниот Медитеран.

Свое обраќање на сесијата ќе имаат претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, комесарот за проширување и политика на соседство на Европската комисија Штефан Фуле, министерот за правда на Италија Паола Северино, а министерот за надворешни работи на Андора Гилберт Сабоја ќе настапи во својство на претседавач со Комитетот на министрите.

Вообичаено на зимската сесија пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и генералниот секретар на Советот на Европа, Торнбјорн Јагланд