/ Прочитано:

1.001

ЕК усвои предлози за ревидирање на Регулативата за европски граѓански иницијативи и Регулативата за европски политички партии и фондации

Предлогот на Европската комисија за реформа на Иницијативата за европски граѓани ќе им ја олесни на граѓаните на ЕУ постапката да воспоставуваат и да поддржуваат иницијативи со пошироко користење на дигиталните можности и со укинување на обемните барања. Исто така, ќе им даде можност на помладите Европејци, оние над 16 години, да ја поддржат Иницијативата. Предложената реформа на европските политички партии и фондации се осврнува на повторените барања од Европскиот парламент за затворање на „дупките“ што водат кон злоупотреба на парите на европските даночни обврзници.

Европската комисија денеска усвои два законски предлози за ревидирање на Регулативата за европски граѓански иницијативи и на Регулативата за европски политички партии и фондации со цел зголемување на демократскиот легитимитет во Европската Унија преку посилно граѓанско учество, што во нејзината агенда е меѓу првите десет приоритети.

Според потпретседателот на ЕК, Франс Тимерман, со овие предлози се охрабруваат граѓаните на Европа директно да учествуваат во демократските процеси. Покрај тоа, Тимерман посочува дека Брисел сака европската Иницијатива за граѓаните да стане подостапна за сите Европејци.

„Со намалување на старосната граница од 18 на 16 години, ние поканивме 10 милиони повеќе млади Европејци да нè повлечат напред и да помогнеме во обликувањето на политичката агенда на Европската Унија. Истовремено, реформите на нашите политички партии ќе овозможат Европејците да бидат подобро информирани за врската меѓу националните и европските партии и ќе осигураат дека нивното финансирање подобро ги одразува демократските избори што ги прават граѓаните на европските избори“, потенцира Тимерман.

Предлогот на Европската комисија за реформа на Иницијативата за европски граѓани ќе им ја олесни на граѓаните на ЕУ постапката да воспоставуваат и да поддржуваат иницијативи со пошироко користење на дигиталните можности и со укинување на обемните барања. Исто така, ќе им даде можност на помладите Европејци, оние над 16 години, да ја поддржат Иницијативата.

Истовремено, Европската комисија денеска предложи Закон за транспарентност во финансирањето на политичките партии во ЕУ. Предложената реформа на европските политички партии и фондации се осврнува на повторените барања од Европскиот парламент за затворање на „дупките“ што водат кон злоупотреба на парите на европските даночни обврзници.

Предложените амандмани имаат за цел да ја зголемат транспарентноста, па луѓето во Унијата да знаат за кого гласаат, да го подобрат демократскиот легитимитет, а финансирањето подобро да го отсликува европскиот електорат и да го зајакне спроведувањето.

Целта е справување со злоупотребите и реконструирање на средствата.

Овие предлози треба да бидат усвоени и да стапат во сила пред европските избори во 2019 година.

А. Б.