Експерт на ЕУ во Министерството за правда во врска со Стратегијата за реформи
Министерот за правда Билен Салији оствари работна средба со експертот на Европската Унија Тибор Драшковиќ, информираат од Министерството за правда.
„Оваа средба доаѓа по напорите за подобрување и адаптирање на функционирањето на правосудните институции во Македонија според критериумите и барањата на ЕУ“, велат од Министерството.
На состанокот, Салији му се заблагодари на Драшковиќ за поддршката на РМ и за покажаната подготвеност за соработка. Тој оцени дека прифаќањето и поддршката на оваа стратегија од страна на експертите од ЕУ ќе се придонесат за успешно исполнување на барањата на ЕУ од страна на Министерството за правда.
„Од своја страна, Тибор Драшковиќ ја оцени Стратегијата како амбициозна, на што треба да бидеме горди. Тој, исто така, истакна дека оваа стратегија доаѓа во клучен момент за државата бидејќи Македонија се наоѓа во многу важен момент во својот пат да стане дел од европското семејство со целосни права. Двете страни изразија подготвеност за најуспешна соработка во наредниот период“, информираат од Министерството за правда.
M.В