/ Прочитано:

1.136

Експертски совети за надзорот над посебната истражна мерка следење на комуникациите

Членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана остварија средба со експертски тим, предводен од Маурицио Варанезе од Европската Унија.

Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, ја оцени средбата како континуитет на досегашната соработка и информираше за актуелностите и за претстојните измени во законодавството.  Заедничка констатација на присутните беше дека Република Македонија доцни со имплементација на законите што ја регулираат сферата на службите за безбедност.

Пред сè, поради тоа што не беше формиран Граѓанскиот совет и нема експерти ангажирани во функција на Комисијата за контрола над службите. Избран беше само дел од членовите на Граѓанскиот совет, а во однос на експертите, сè уште Собранието нема одобрено буџет за тоа.

Маурицио Варанезе даде корисни совети за Комисијата за потполна имплементација на прописите, кои во овој момент не се спроведени. Експертскиот тим ѝ укажа на Комисијата да обрне повеќе внимание и во однос на донесувањето на новите закони за реформи во безбедносниот сектор, со оглед на тоа што еден дел од нив би можел значително да влијае на квалитетот на надзорот над службите.

Кои посебни истражни мерки се применувале и во колкав број – Годишниот извештај на Обвинителството пред пратениците

Се предлага формирање Совет за координација на безбедносно-разузнавачката заедница

Објавен Предлог-законот за реформа на УБК: Новата Агенција за внатрешно разузнавање ќе спречува шпионажа

Ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање: МВР подготвува нови закони и законски измени

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“

Брифинг за реформите во правосудството, јавната администрација и контролата врз безбедносните служби

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В