/ Прочитано:

1.588

Екстрадиран Шукри Алиу, меѓудругото осомничен дека им бил ментор и лидер на групата обвинети во „Монструм“

Петок, 5 декември 2012 – Неофицијално, македонското Министерство за внатрешни работи денеска го прифати Шукри Алиу по екстрадицијата од страна на косовската полиција. Тој се сомничи дека е поврзан со петкратното убиство кај Смиљковското езеро, односно делувал како лидер и ментор на групата обвинети во овој случај.  Шукри Алиу не е дел од обвинителниот акт во врска со петкратното убиството што се случи во април минатата година. 

Неофицијално, Шукри Алиу е уапсен и екстрадиран од Косово во Македонија поради полициското сомнение дека е ментор и лидер на обвинетите во случајот „Монструм“ кои се товарат за тероризам и за извршители на петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Министерството за внатрешни работи во моментов собира материјали во врска со случајот со Алиу, а подоцна се очекува да даде дополнителни информации околу случајот.

Шукри Алиу во македонската јавност е познат Оџа пребеган во Косово. Се верува дека неговите следбеници денеска ја имаат под контрола Јаја пашината џамија. Шукри Алиу, откако беше осомничен за вмешаност во убиството на таксист, а потоа фатен, па пуштен од полицијата, ја напушти Македонија. Проценките беа  дека е на Косово и од таму се обидувал да влијае врз верскиот живот во Македонија.

Неговото име се врзува и со радикалните протести за случајот Монструм. На социјалните мрежи се јавува како организатор на протестите. Познат е по тоа што беше прогласен за персона нонграта во Европската унија.  Алија се сомничи за нападите врз две полициски станици, а му се судеше за убиство на таксист. Според МВР бил дел од групата која ги претепа имамите во Кондово.