Електронски матичен регистар: Граѓаните да поднесуваат барања за издавање извод во градот каде што живеат
Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управата за водење на матични книги.
„Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар досега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните, без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење, да поднесат барање за издавање извод во градот каде што живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде што е родено лицето, а со ова поврзување овозможено е дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал.
Централизираноста на податоците и оптимизирањето на бизнис-процесите во Управата ќе отворат широк спектар на можности во делот на имплементирање на европските регулативи и зголемување на ефикасноста во администрацијата“, образложуваат од Владата.
Системски решенија за регистрација на лицата без документи
АКРМ: Електронски поднесете го вашето барање за извод
АКРМ објавува образец од Договорот за размена на податоци со Управата за водење на матичните книги
Од 1 декември адвокатите ќе можат да поднесуваат барања за издавање извод по електронски пат
М.В