/ Прочитано:

1.393

ЕЛЕНА ГОШЕВА: Изјавите на Јанева ја поткопуваат нејзината улога во Обвинителството

„Никој во Република Македонија нема право да креира форма на противуставно и противзаконско дејствување, со активности и со дејствија насочени кон рушење на демократските вредности и правила на владеење, вклучително и со изјави од типот на негирање на институциите на државата, како што во последниот случај тоа го направи Катица Јанева со своите изјави, кои наликуваа на кампања, што е спротивно на нејзината улога во Обвинителството“, истакнува Гошева.

USTAVEN SUD 3

Неприфатливи и неодговорни, вака претседателката на уставниот суд Елена Гошева ги оцени изјавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таквите изјави, како што потенцира Гошева, ја компромитираат и нејзината улога во Обвинителството.

„Таа треба да знае дека Република Македонија е демократска и независна држава во која функционираат институции основани со Устав и закон, во согласност со демократските принципи“, вели Гошева.

Претседателката посочува дека Уставниот суд  е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.

„Никој во Република Македонија нема право да креира форма на противуставно и противзаконско дејствување, со активности и со дејствија насочени кон рушење на демократските вредности и правила на владеење, вклучително и со изјави од типот на негирање на институциите на државата, како што во последниот случај тоа го направи Катица Јанева со своите изјави, кои наликуваа на кампања, што е спротивно на нејзината улога во Обвинителството“, истакнува Гошева.

Во писмената реакција, Гошева порачува да се ослободи Уставниот суд на Република Македонија, како и останатите институции на организацијата на државата од „субјективни фрази и квалификации во изјави кои поттикнуваат антидемократски методи и средства на дејствување во нашето општество, што е спротивно на уставното уредување конципирано во Уставот на Република Македонија.“

Вчера Јанева, како одговор на одлуката на Уставниот суд за прогласување на Законот за помилување за неуставен, со која се овозможи помилување на лица осомничени за изборни нерегуларности, рече дека самиот избор на Претседателот на РМ, на Собранието и на уставните судии е доведен во прашање поради изборните нерегуларности кои се испитуваат во предметот „Титаник“.