/ Прочитано:

915

Елза Писет, кандидатка за судија на Француската правосудна академија, на стаж во Академијата за судии и јавни обвинители

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, оствари средба со кандидатката од Државната правосудна академија (ЕНМ) на Република Франција, Елза Писет, која ќе престојува во државата сѐ до 20 март 2020 година со цел реализација на потребниот стаж во странство.

Имено, стажирањето во надворешни странски правосудни институции е пракса на оваа академија, при што на кандидатот му се дава можност да се запознае со правните системи на други земји.

Академијата веќе години наназад во рамките на соработката со Амбасадата на Република Франција во Македонија е домаќин на кандидатите на ЕНМ кои ќе изразат интерес својот стаж да го поминат во Македонија.

Во рамките на својот престој Елза Писет, покрај предвидените средби со вработените во Академијата за судии и јавни обвинители, со едукаторите, со менторите и со слушателите на почетна обука на Академијата,  предвидено е да оствари низа работни посети, и тоа во: Судскиот совет на Република Северна Македонија, во Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Скопје 1, Основниот суд Скопје 2, Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за правда на Република Северна Македонија, Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Сектор за меѓународна полициска соработка и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Управата за финансиска полиција на Република Северна Македонија, Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Нотарската комора на Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија.

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер-Дамјановска, ѝ посака добредојде на кандидатката и изрази големо задоволство што ја избрала токму Република Северна Македонија за реализација на својот стаж. На средбата директорката на Академијата накратко ја презентираше Академијата, нејзината структура и организација, начинот на коj се спроведува и се реализира програмата за почетна обука, но исто така ја воведе кандидатката и во правосудниот систем на нашата држава.

По средбата со директорката на Академијата,  Писет оствари средба со вработените во Академијата со цел подетално да се запознае со начинот на работење на Академијата.

Агендата за престојот на кандидатката од Република Франција е креирана во согласност со нејзините потреби и интереси, а крајната цел е промоција на правосудниот систем на нашата држава надвор од нејзините граници и размена на искуства во насока на прибирање нови идеи со кои би се унапредиле активностите на Академијата.

Алис Проа, кандидатка за судија на Француската правосудна академија, на стаж во Академијата за судии и јавни обвинители

Претставници на Заедничката истражувачка мисија на Француската амбасада во Академијата за судии и јавни обвинители

Презентиран извештајот за успешната соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и француската Национална академија за правосудство

Орден „Витез на Националниот ред за заслуги“ за Анета Арнаудовска

Успешна соработка на Академијата „Павел Шатев“ и Француската амбасада во Република Македонија

Марго Буисон, кандидатка за судија на Француската правосудна академија, на стаж во Академијата за судии и јавни обвинители

ЗА КВАЛИТЕТНО ПРАВНО ОБРАЗОВАНИЕ КЛУЧНИ СЕ ПРАВНАТА ЛОГИКА И ПРАВНАТА ПРАКТИКА: Интервју со Емили Петровски, Македонка во француската правосудна академија

Интервју со Светлана Зашова, првата Македонка во Француската правосудна академија

М.В