/ Прочитано:

891

Епилог на српскиот Вотергејт: Смена на комплетниот врв на српската полиција

Петок, 9 ноември 2012 – Целиот врв на српската полиција ќе биде сменет во наредните неколку дена и тоа ќе биде епилог на аферата со прислушкувањето на претседателот Томислав Николиќ и потпретседателот на владата Александар Вучиќ, пишува српски „Блиц“, повикувајќи се на извори од тамошната влада.

Според весникот, смената на директорот на полицијата и на началниците на најбитните полициски управи ќе ја иницира токму Вучиќ во обраќање пред јавноста, додека за конкретните начини како тоа да се направи договор ќе биде направен со премиерот и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

По наредба на Дачиќ внатрешната контрола во полицијата започнала да ги чешла сите единици кои имаат оперативни можности да вршат прислушкување, а истрагата се насочува кон пронаоѓање на конкретните имиња на оние кои издале наредба за пратење на телефоните на српскиот државен врв.

>> СРПСКИ ВОТЕРГЕЈТ: Прислушкувани телефоните на претседателот на Србија и потпретседателот на Владата