/ Прочитано:

1.071

ЕСЧП: Средба претседателот на Судот Раимонди со министерот Димитров

Европскиот суд за човековите права објавува за посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на овој меѓународен суд со седиште во Стразбур. Министерот Димитров, информираат од Европскиот суд за човековите права, оствари средба со претседателот на ЕСЧП, Гвидо Раимонди. На средбата, додаваат од Судот во Стразбур, присуствуваше и судијата Јован Илиевски, кој минатата година официјално стапи на функцијата судија во Европскиoт суд за човековите права.

Посетата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, е во рамките на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која  се одржува во Стразбур од 23 до 27 април 2018 година.

Во своето обраќање министерот Димитров истакна дека во време на глобални предизвици и кризи неопходно е земјите членки на организацијата да направат сеопфатни напори за имплементирање на преземените обврски од членството во Советот на Европа, со што директно придонесуваат кон зајакнување на демократската сигурност на Европа.

Советот на Европа е водечка организација за човековите права на континентот. Државите членки на Советот на Европа ја имаат потпишано Европската конвенција за човекови права, која претставува меѓународен договор за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Европскиот суд за човекови права ја следи примената на оваа конвенција од страна на државите членки.

М.В