/ Прочитано:

971

EУ: Македонија да одржи фер и демократски избори за да добие позитивен извештај

Четврток, 21 март 2013 – Само со фер и демократски локални избори, Македонија може да очекува пролетниот извештај да биде позитивен му порачале Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино и генералниот секретар на Европската служба за надворшени работи Пјер Вимонт на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. 

Во рамките на посетата во Брисел, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими кој оствари средба со Генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската Комисија, Стефано Санино и генералниот секретар на Европската служба за надворшени работи Пјер Вимонт. 

„Санино и Вимонт упатија јавен повик Република Македонија да покаже демократски капацитет со одржување на фер и демократски избори оти тоа ќе биде составен дел од извештајот на ЕК, а земјите-членки на Унијата со големо внимание ќе го проследат изборниот процес кај нас. Мошне јасна и прецизна порака ми беше, успешно организирани локални избори ќе донесат позитивна слика за Република Македонија во Европската унија“ вели вицепремиерот Бесими во изјава за МИА.

На средбите  со високите европски државници станало збор и за добрососедските односи и напредокот во прашањето со името со Грција, кои ќе завземат главно место во претстојниот извештај на Европската Комисија.