/ Прочитано:

815

ЕУ става крај на ембаргото за испорака на оружје за сириските бунтовници

Вторник, 28 мај 2013 – Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на состанокот во Брисел, се согласија да „не се обновува“ ембаргото за испорака на оружје за сириските бунтовници, што значи дека досегашната забрана, чиј рок истекува на крајот од месецов, се укинува.

Важно е дека сепак, нема одлука веднаш да се почне со испорака на оружје за силите на опозицијата во Сирија, изјави по состанокот, европскиот министер за надворешни работи Кетрин Аштон.

Ваквото решение е донесено по долги разговори за надминување на длабоките поделби и различните гледања и ставови околу тоа дали на сириската вооружена опозиција, земјите од ЕУ треба да и даваат оружје и да ја вооружуваат.

Велика Британија, како најсилен заговарач за укинување на ембаргото, единствено беше подржувана од Франција. Група земји, кои ги предводат Австрија и Чешка, остро се противат на вооружувањето на бунтовничките сили.

Тие тврдат дека тоа ке значи само „потпалување на веке запалениот оган“ стравувајки дека европското оружје ке се најде во „погрешни раце“ кај разните исламистички,милитантни групи кои војуваат како дел од здружената сириска опозиција.

Германија и уште некои земји настојуваа да се најде компромисно решение.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ја поздрави одлуката на европските министри.

„Значајно е ЕУ да му испраи јасен сигнал на режимот на Асад дека мора сериозно да преговара, како и дека сите опции остануваат отворени, ако Асад одбие да го стори тоа’, изјави Хејг за британските медиуми.

Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпринделегер, меѓутоа, рече дека ЕУ ке ја задржи досегашната линија.

„ЕУ не е воено,туку мирно и мирољубиво движење“, рече австрискиот министер.

Извор: MИА