„Проблемите не можат да се решат на истото ниво на размислување на кое се и настанати“ – Алберт Ајнштајн
Во правото, како и во животот, успехот е одреден од квалитетот на нашите односи, а тие се директно поврзани со квалитетот на нашата комуникација – со колегите, клиентите, судиите, сведоците, па дури и со спротивната страна. Комуникацијата е многу повеќе од правилно формулирани правни аргументи. Таа е алатка што може да ви донесе победа во судница, да ве направи поуспешен во преговори или да ви помогне да изградите репутација на авторитетен, но разбирлив професионалец. Најважниот елемент во секоја успешна комуникација е ДОВЕРБАТА. Без доверба – аргументите не допираат. Без доверба – клиентите се двоумат. Без доверба – дури и најдобрата стратегија може да падне во вода. Успешните правници знаат како да влијаат врз соговорникот, како да создадат јасна и убедлива комуникација, како да преговараат со самодоверба и сигурност.
Предавач е м-р Ани Спасовска, сертифициран НЛП тренер, асистент на НЛП Институтот Slavica Squire и претприемач. Има докажано искуство како генерален менаџер на Бучен Козјак, каде што раководела со стотици вработени, водела клучни преговори и креирала стратегии за успешна комуникација во деловното окружување. Со над 1,500 часа тренинзи, работилници и тим-билдинзи, како и учество на над 100 семинари и обуки во земјата и странство, нејзиното искуство ќе ви помогне да се стекнете со подобри комуникациски вештини и да станете лидер во својата професија.