Вознемирувањето на работното место, односно мобингот е тема која не ја губи актуелноста во современиот свет. Градењето и обезбедувањето на здрава работна средина секогаш треба да е во фокусот и на работодавачите и на работниците како предуслов за успешност во работењето на компаниите.
Целта на обуката е подетално, преку практични примери, да се разработат различните аспекти на вознемирувањето на работното место како појава, почнувајќи од дефинирањето на поимот вознемирување на работното место, правење дистинкција меѓу дискриминација и вознемирување, па сè до правната заштита, односно поведување вонсудска и судска постапка за заштита од вознемирување на работното место.
Обуката „ДАЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЗНААТ ДА ГО ПРЕПОЗНААТ МОБИНГОТ И КАКО ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ НЕГО?“, која ќе се одржи на 31.08.2022 година, е наменета за сите вработени кои се заинтересирани да се запознаат со концептот на заштита од вознемирување на работното место, како и со постапките кои им се на располагање при заштитата на нивните права како вработени.
Предавач
Маја Ристова, адвокат, специјализирана во предмети од областа на работните односи и мобингот, со долгогодишно теоретско и практично искуство во полето на заштита од вознемирување на работното место (како експерт вклучена во изработка на Законот за заштита од вознемирување на работното место, како обучувач на разни обуки од оваа област, како адвокат во застапување пред судовите во предмети поврзани со мобингот).
Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците, во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници е ограничен.
Агенда за 31.08.2022 година: „ДАЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЗНААТ ДА ГО ПРЕПОЗНААТ МОБИНГОТ И КАКО ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ НЕГО?“
- Поим, дефиниција и видови мобинг
- Како да се препознае мобинг
- Како да се разликува мобинг од дискриминација и класична повреда на ЗРО
- Законска рамка
- Кафе-пауза
- Правна заштита од мобинг: вонсудска и судска постапка
- Докази за мобинг и примери од судската практика
- Прашања и дискусија
Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество за едно лице е 5.800 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката „Дали работниците знаат да го препознаат мобингот и како да се борат против него?“ најдоцна до 30.08.2022 година (вторник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
+389 02 3221 091 и
+389 02 3122 308.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.