/ Прочитано:

168

АКАДЕМИК ОБУКА со физичко присуство на тема: „Дали работодавачите знаат да го препознаат мобингот и како да се справат со него?“

View Calendar
30/08/2022 10:00 - 14:00 Europe/Skopje

Вознемирувањето на работното место, односно мобингот е тема која не ја губи актуелноста во современиот свет. Градењето и обезбедувањето на здрава работна средина секогаш треба да е во фокусот и на работодавачите и на работниците како предуслов за успешност во работењето на компаниите.

Целта на обуката е подетално, преку практични примери, да се разработат различните аспекти на вознемирувањето на работното место како појава, почнувајќи од дефинирањето на поимот вознемирување на работното место, правење дистинкција меѓу дискриминација и вознемирување, па сè до правната заштита, односно поведување вонсудска и судска постапка за заштита од вознемирување на работното место.

Обуката  „ДАЛИ РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗНААТ ДА ГО ПРЕПОЗНААТ МОБИНГОТ И КАКО ДА СЕ СПРАВАТ СО НЕГО?“, која ќе се одржи на 30.08.2022 година, е наменета за работодавачи, односно сопственици на правни лица, управители, раководители, други овластени лица на раководни позиции кои се одговорни за заштита од вознемирување на работното место и за преземање активности за заштита.

Напомена: обуката ќе се одржи со физичко присуство на учесниците, во просториите на АКАДЕМИК ДООЕЛ Скопје, на ул. „Рајко Жинзифов“ бр. 50, Скопје, а бројот на учесници е ограничен.

Предавач

Маја Ристова, адвокат, специјализирана во предмети од областа на работните односи и мобингот, со долгогодишно теоретско и практично искуство во полето на заштита од вознемирување на работното место (како експерт вклучена во изработка на Законот за заштита од вознемирување на работното место, како обучувач на разни обуки од оваа област, како адвокат во застапување пред судовите во предмети поврзани со мобингот).

Агенда за 30.08.2022 година: „ДАЛИ РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗНААТ ДА ГО ПРЕПОЗНААТ МОБИНГОТ И КАКО ДА СЕ СПРАВАТ СО НЕГО?“

  • Поим, дефиниција и видови мобинг
  • Како да се препознае мобингот
  • Како да се разликува мобинг од дискриминација и класична повреда на ЗРО
  • Законска рамка
  • Кафе-пауза
  • Правна заштита од мобинг: вонсудска и судска постапка
  • Вонсудска постапка од аспект на работодавач; законски обврски на работодавачот во делот на вонсудската постапка
  • Докази за мобинг и примери од судската практика
  • Надлежност на Државниот инспекторат за труд во делот на мобингот и предвидени прекршочни глоби
  • Прашања и дискусија

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице за една обука е 5.800 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката „Дали работодавачите знаат да го препознаат мобингот и како да се справат со него?“ најдоцна до 29.08.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

+389 02 3221 091 и

+389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.