АКАДЕМИК ОБУКИ: Како да станам газда

View Calendar
05/06/2024 16:00 - 18:00 Europe/Skopje

Имам бизнис идеја, како да заработувам за убав живот од неа?

За да ви помогнеме да го пронајдете одговорот на ова прашање, Академик организира серија обуки чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда – тоа ќе бидат нашите неконвенционални, практични и интересни обуки од овој серијал. Ќе бидат опфатени сите најважни области од работењето на еден бизнис, ама не мора да сте правник или економист или стручњак за било што, за да ги разберете нашите обучувачи кога ќе ви раскажуваат за правни работи или за сметководство или за продажба или за маркетинг – тие се супер искусни и стручни и ќе ви ги приближат овие теми на разбирлив и јасен начин.

Но, колку и да е квалитетен вашиот производ, ако не знаете како да го продадете и пласирате на пазарот, вашата идеја ќе остане само идеја. Затоа го поканивме г-дин Димитар Јовевски, професор на Економскиот фактултет – Скопје и партнер и директор за бизнис развој во Пиксел, на нашата трета обука, Имате ли 5 минути?, да ви даде насока за тоа што сé е потребно да направите за да дојдете до клиенти, да направите успешна продажба, да ги задржите постоечките клиенти.

 

ЛокацијаНетавил (https://netaville.mk)

Цена за една обука1.600 ден. со вклучен ДДВ