АКАДЕМИК ОБУКИ: Како да станам газда

View Calendar
29/05/2024 16:00 - 19:00 Europe/Skopje

Имам бизнис идеја, како да заработувам за убав живот од неа?

За да ви помогнеме да го пронајдете одговорот ова прашање, Академик организира серија обуки чија цел е да им се дадат основни знаења и информации на сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис. Кратки и јасни одговори на конкретни прашања за тоа како се станува газда - тоа ќе бидат нашите неконвенционални, практични и интересни обуки од овој серијал. Ќе бидат опфатени сите најважни области од работењето на еден бизнис, ама не мора да сте правник или економист или стручњак за било што, за да ги разберете нашите обучувачи кога ќе ви раскажуваат за правни работи или за сметководство или за продажба или за маркетинг - тие се супер искусни и стручни и ќе ви ги приближат овие теми на разбирлив и јасен начин.

Првата обука, И јас сакам да имам фирма, ќе биде посветена на законските обврски кои произлегуваат од основањето и водењето на компанија. Нашиот обучувач, адвокат Дејан Алексов, партнер во адвокатската канцеларија Алексов и Мемиши, ќе ви каже како да регистрирате фирма, како да отворите сметка во банка, како да ги вработите луѓето, како да ги заштитите нивни лични податоци. Но, најмногу ќе му се допадне доколку вие учествувате во обуката и  му ги поставите сите прашањата кои ве мачат. Адвокат Дејан Алексов е секогаш спремен да им помогне на сите млади и сериозни старт-ап претприемачи.

ЛокацијаНетавил (https://netaville.mk)

Цена за една обука1.600 ден. со вклучен ДДВ