АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Канцелариско и архивско работење“

View Calendar
06/03/2025 10:00 - 14:00 Europe/Skopje
  • Дали управувањето со документите го имате усогласено со Законот за архивски материјал и со неговите подзаконски акти?
  • Дали користите конвенционални модели на канцелариско и архивско работење и/или електронски системи за управување со документи и податоци?
  • Какви модели користите за чување и заштита на архивскиот и документарниот материјал?
  • Дали имате обезбедено јавно достапни информации/документи за дејности и/или услуги за коишто сте надлежни?

Онлајн обуката за канцелариско и архивско работење, во организација на Академик, ќе ви обезбеди целосна информација за законските рамки за оваа дејност, но и ќе ве воведе во сите неопходни техники за управување со документите во канцелариското и архивското работење, што претставува столб за чување и заштита на податоците и информациите што се создаваат во текот на работењето на правните лица и со кои се обезбедува чување на институционалната меморија на правните лица и пошироко придонесува за зачувување на колективната меморија на нашето општество.

Оваа значајна обука која е неопходна за секое правно лице, ги покрива сите сегменти на канцелариското и архивското работење, како на имателите на јавен архивски и документарен материјал, така и на приватните правни лица, но и на физичките лица со јавни надлежности.

Кои ќе бидат темите на обуката? Преку оваа обука:

  • ќе добиете прецизни информации за законските услови што треба да ги следите во управувањето со документите,
  • ќе ве воведеме во деталните техники на деловодничкото работење,
  • ќе ви ги презентираме моделите на безбедно движење на документите во текот на работните процеси во канцелариското работење,
  • ќе добиете насоки за креирање политики на управување со документите и валоризација на документите преку дефинирање на листи на документи од трајна вредност (историски документи) и листи на документи со рокови на чување,
  • ќе ви дадеме насоки за безбедно чување и заштита на документите во архивското работење, и
  • ќе ви ги презентираме законските норми за обезбедување отчетност и транспарентност во работењето преку почитување на законските норми за достапност на документите создадени во текот на работењето на правните лица.

Обуката е наменета за одговорните лица кои работат на техничка обработка на документите во кацелариското и архивското работење, како и за раководни лица од јавниот и приватниот сектор кои се задолжени за градење политики за управување со документите.