/ Прочитано:

300

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: Клучни теми и предизвици во практичната примена на новиот Закон за урбанистичко планирање

View Calendar
11/05/2021 10:00 - 13:00 Europe/Skopje

На 11.5.2021 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Клучни теми и предизвици во практичната примена на новиот Закон за урбанистичко планирање“.

Обуката ќе се одржи од 10:00 – 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде м-р Јулијана Ставревски, диа (АПП) – експерт кој работи во оваа област од 2009 година, со практично искуство во изработката на повеќе урбанистички планови и проекти, како и со активно учество во комисии за урбанизам при Министерството за транспорт и врски, како и во општини во Република Северна Македонија.

На почетокот на јуни 2021 година изминува првата година од примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, кој воведе значајни новини и промени во однос на повеќе прашања, но и предизвици во нивната практична примена.

Во таа насока, целта на оваа обука е, меѓу другото, да се предочат разликите во видовите планови и плански документи, нивното донесување и содржината, фазите, планските периоди, времетраењето на изработката, како и потребите за спроведување на синхронична, обединета постапка и начинот на спроведување на техничка исправка, кои се процедури кои за прв пат се појавуваат во новиот Закон за урбанистичко планирање.

Исто така, обуката ќе ја опфати и измената во спроведувањето на урбанистичките планови со помош на изводи или повеќе видови на урбанистички проекти кои се пропишани со овој Закон, што е прашање од голема важност.

Агенда

Важни новини во новиот Закон за урбанистичко планирање:

- Хиерархиска и хоризонтална усогласеност на системот за просторно и урбанистичко планирање;
- Услови за планирање, АГП и планска програма, податоци, информации и мислења;
- Отпочнување на постапка за донесување на урбанистички план;
- Видови урбанистички планови, нивно донесување и содржина, фази, плански период, времетраење на изработка;
- Стручна ревизија, стручна расправа и јавна презентација со јавна расправа;
- Јавна презентација и јавна анкета;
- Пренаменување на земјиштето во градежно земјиште;
- Новини во важењето на урбанистичките планови и нивна суспензија;
- Потреба за спроведување на синхронична и на обединета постапка за донесување на урбанистичките планови, неусогласеност на урбанистички планови;
- Прецизирање и јасно утврдување на постапката за техничка исправка на урбанистички план.

Органи и тела надлежни за водење на постапката за изработување и донесување на урбанистичките планови
- Програми за финансирање на изработката на урбанистичките планови на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје и на Владата на РСМ и рокови за нивно донесување;
- Органи и тела надлежни за водење на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови (Комисија за урбанизам, партиципативно тело, комисии за стручна ревизија, стручна расправа итн.).

Спроведување на урбанистичките планови
- Новина во актите со кои се спроведуваат урбанистичките планови;
- Видови на урбанистички проекти;
- Извод од урбанистички план и потврда за урбанистичка усогласеност, како задолжителни чекори при спроведување на урбанистичките планови;
- Преодни законски решенија.

Прашања, одговори и дискусија

Напомена: Можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

Цената за учество за едно лице е 2.400 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 10.5.2021 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
+389 02 3221 091 и
+389 02 3122 308.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Објаснување за платформата ZOOM

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/ .