Искористете ги предностите и можностите што ги нуди медијацијата за ефикасно, експедитивно и економично решавање на работните спорови и применете ја оваа алтернативна постапка за да заштедите време и средства за вашата организација при решавањето на работните спорови! Обуката во организација на Академик ќе се одржи на 10 февруари 2022 година.
Според досегашното искуство во примената на медијацијата, споровите во областа на работните односи имаат големо учество во вкупниот број на пријавени спорови за решавање преку медијација, а, исто така, кај нив се забележува и исклучително високо ниво на спорови кои завршуваат со постигнување на спогодба, како исход на постапката.
Обуката што ја организира Академик ви нуди единствена можност да се запознаете со решенијата што ги нуди новиот Закон за медијација, што започна да се применува на 4 јануари 2022 година и да се подготвите за можноста да ја искористувате и применувате медијацијата како постапка што води кон постигнување на заемно прифатлива спогодба во спорните односи, а притоа ги заштедува ресурсите на вашата организација, во смисла на време, финансиски средства и ангажман на човечките ресурси.
Покрај темите за основните принципи, правила и поими, на обуката ќе биде детално и конкретно разработена постапката на медијација во работните спорови, видовите на работни спорови што може да се решаваат по пат на медијација, како и досегашните искуства во примената на медијацијата во оваа област.
Предавач
д-р Зоран Вучев - лиценциран медијатор, лиценциран обучувач на медијатори и лиценциран помирувач и арбитер во работни спорови, со долгогодишно искуство во областа на медијацијата
Агенда
Прв дел: Вовед
- Што е медијација согласно Законот за медијација (ЗМ)
- Примена на медијацијата согласно новиот ЗМ
- Што значи постапката за медијација
- Кој може да учествува во постапката за медијација
- Видови на медијација
- Медијација во прекуграничните спорови
Втор дел: Начела на постапката за медијација
- Доброволност
- Рамноправност и неформалност,
- Непристрасност,
- Доверливост,
- Достапност на информации за медијација во други постапки,
- Еднаквост на страните,
- Правичност,
- Ефикасност и економичност,
- Употреба на јазик во постапката за медијација
Трет дел: Постапка на медијација во работните спорови
- Поведување на постапката за медијација
- Започнување на постапката за медијација
- Избор на медијатор(и) во постапката за медијација
- Обврски на медијаторот
- Изнесување на предлози во постапката за медијација
- Завршување на постапката за медијација (исход на медијацијата)
- Спогодба (по избор извршна исправа) и Изјава
- Трошоци во постапката за медијација, награда на медијаторот, трошковник и депозит
- Субвенционирање на постапката за медијација
Четврти дел: Медијација во работните спорови
- Досегашна примена на медијацијата кај работните спорови во РСМ
- Поведени и успешно решени работни спорови во РСМ
- Видови на работни спорови кои можат да се решаваат по пат на медијација
Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.
Цената за учество на обуката
Цената за учество за едно лице е 4.200 денари со вклучен ДДВ.
Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.
Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 09.02.2022 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:
- +389 02 3221 091 и
- +389 02 3122 308.
Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.
Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.
Објаснување на Платформата ZOOM
Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:
- електронски уред (компјутер, таблет итн.),
- стабилна интернет-врска,
- микрофон и звучници (или слушалки).
Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.
За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.