/ Прочитано:

192

АКАДЕМИК ОНЛАЈН ОБУКА: „Tехнички и организациски мерки за обезбедување на соодветно ниво на безбедност на обработката на личните податоци“

View Calendar
22/02/2022 10:00 - 14:00 Europe/Skopje

На 22.02. 2022 година (вторник) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ (ТОМ) ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 14:00 часот.

Како продолжение на серијата обуки за заштита на личните податоци, Академик организира специјализирана обука за заштита на личните податоци фокусирана на имплементација на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) и подзаконските акти во делот на преземање технички и организациски мерки (ТОМ) за безбедност на личните податоци.

ЗЗПЛ во голем број наврати низ одредбите го споменува преземањето на соодветни технички и организациски мерки (ТОМ), со тоа потенцирајќи ја нивната важност за соодветната примена на Законот. Самиот Закон не дефинира до крај кои технички и организациски мерки мора да бидат преземени од страна на контролорот, туку тоа го врзува со резултатите од извршената анализа на ризик, која треба да биде основа за воспоставување на системот за заштита на личните податоци, а секако еден од главните столбови на тој систем се и техничките и организациските мерки. Ова подетално е регулирано со Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, каде што се утврдени мерките.

На прашањето што точно значат соодветни организациски и технички мерки можеме да одговориме дека тие претставуваат функции, процедури, контроли, системи, активности и мерки кои се преземаат со цел да се заштитат личните податоци што ги обработува една компанија, организација, како и други типови контролори. Тоа што мора да го знаеме е дека не постои еден систем за сите и дека секој систем за заштита на личните податоци кој се воспоставува треба да ја отслика работата и обработката на податоци кај одреден контролор.

На оваа обука фокусот ќе биде ставен на воспоставување на системот за заштита на личните податоци врз претходно извршена анализа на ризик, со цел доследно имплементирање на ЗЗЛП и Правилникот за безбедност. Овој процес не се гледа одделно од другите обврски од Законот, туку го заокружува целиот процес на имплементација.

На обуката ќе имате можност да се запознаете со најдобрите практики и решенија за одбирање на најсоодветените мерки.

Донесувањето на соодветни технички и организациски мерки не треба да се сфати само како обврска која произлегува од Законот, туку и како можност и решение за соодветно организирање на работата на еден контролор, од што, крајно, најголема корист има самиот контролор, имајќи предвид дека без разлика дали станува збор за бизнис активност, работа на институции или активности на здруженија на граѓани, заштитата на информациите е клучна за одржување на нормалното функционирање на контролорот.

Напоменуваме дека за да ја следите оваа обука пожелно е, но не е неопходно да сте посетиле општа обука за заштита на личните податоци или да имате основно предзнаење за ЗЗЛП.

 

Предавач

Арбен Гудачи - консултант за заштита на личните податоци и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници. Во оваа област работи од 2009-та година и е лиценциран предавач за заштита на личните податоци, со одржани голем број обуки и предавања на оваа тема.

Агенда

  • Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – насока кон целосно усогласување на работата на контролорите
  • Поими
  • Анализа на ризик
  • Воспоставување на систем за заштита на личните податоци
  • Технички и организациски мерки (ТОМ)
  • Прашања и дискусија

Напомена: можни се измени во агендата, во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат во текот на обуката.

 

Цената за учество за едно лице е 6.200 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.02.2022 година (понеделник), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните:

  • +389 02 3221 091 и
  • +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката и е-сертификат за учество.

Објаснување на Платформата ZOOM

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со:

  • електронски уред (компјутер, таблет итн.),
  • стабилна интернет-врска,
  • микрофон и звучници (или слушалки).

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.