/ Прочитано:

25

АКАДЕМИК ОНЛАЈН СЕМИНАР: „Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи“

View Calendar
15/10/2024 10:00 - 14:00 Europe/Skopje

На 15.10.2024 година (вторник), од 10:00 – 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн семинар на тема: „Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи“.

На 28 септември 2024 година истече рокот од шест месеци во кој добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи беа должни да го усогласат своето работење со одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така, во овој рок, Комисијата за заштита на конкуренцијата беше должна да го усогласи своето работење, организирање и функционирање, со цел да врши надзор над спроведувањето на одредбите од Законот, да ја контролира примената на одредбите од Законот и да решава за прекршоците утврдени во Законот, во својство на прекршочен орган.

Оттаму, со оглед на актуелноста на темата, Академик организира семинар, на кој ќе биде разработен Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи и ќе биде дадена компаративна пракса од ЕУ и земјите од регионот при спроведувањето на Директивата (EU) 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17.04.2019 за нефер трговски практики во односите бизнис со бизнис во синџирот на снабдување во земјоделието и храната и националните закони.

Предавач на семинарот ќе биде д-р Валентин Пепељугоски, адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски и редовен професор во областа на право на интелектуална сопственост и антимонополско право, со долгогодишно искуство во областа на спроведување на правото на конкуренција и поранешен член на Анти-монополската управа

Цената за учество на семинарот за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.