/ Прочитано:

1.873

Обука за човечки ресурси

View Calendar

На 10.12.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема КЛУЧНИ ЕЛЕМЕНТИ НА СОВРЕМЕНОТО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ. Предавач на обуката ќе биде  Дејан Маџоски, бизнис-партнер за човечки ресурси во „Пивара“ Скопје.

Еден од најважните аспекти во работењето на секој правен субјект е управувањето со човечките ресурси. Планирањето и регрутацијата на човечките ресурси; начинот на управување со перформансите на вработените; формирањето и имплементацијата на системот за мотивација, наградување и признанија на вработените; одредувањето нивоа на работни места; континуираниот развој на вработените и следењето на повратните информации добиени од нив се едни од клучните сегменти за успешно управување и водење на секоја организациона единица.