/ Прочитано:

393

Обука за утврдување и наплата на даноци

View Calendar

На 28.1.2020 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Утврдување и наплата на даноци на имот“. Предавачи  на обуката ќе бидат Андријана Манчевска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје и Снежана Митревска, помошник-раководител на Секторот за финансиски прашања во Град Скопје.

Администрирањето на даноците на имот е комплексен систем за кој постојат бројни дилеми за неговото непрекинато и правилно функционирање.

Начинот на утврдување и наплатата на даноците, основата за пресметка на даноците на имот, одредувањето на висината на стапката на данокот на имот, начинот на утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот се само дел од прашањата што произлегуваат од примената на Законот за даноци на имот, а кои ќе бидат разгледани на обуката организирана од Академик, закажана за 28 јануари 2020 година (вторник).