/Прочитано:

24

Обука за Законот за инспекциски надзор

View Calendar
12/12/2019 10:00 - 15:10

Обука за Законот за инспекциски надзор

На 12 декември  (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Новиот Закон за инспекциски надзор и подзаконските акти“, на која предавачи ќе бидат виши управни инспектори.

На 30 ноември 2019 година стапи во примена новиот Закон за инспекциски надзор.

Со новиот Закон за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби; се воведува проценка на ризик, како нов начин на планирање на работа на инспекциските служби; конкретно се уредени правата и обврските на инспекторот, формата и содржината на месечните и годишните планови за работа, а воедно утврдена е превентивната улога на инспекцискиот надзор преку воведување на опомената како задолжителен чекор пред изрекување казна.