/ Прочитано:

376

Обука за заштита и тајност на личните податоци

View Calendar

На 30 јануари 2020 година (четврток) Академик ќе одржи обука на тема „Начини и мерки за задолжително обезбедување заштита и тајност на личните податоци“. Предавач на обуката ќе биде Ангел Наковски , долгогодишен експерт од областа на заштитата на личните податоци.

Во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија и врз основа на македонската регулатива од областа на заштитата на личните податоци, пропишани се стандарди и предвидени се мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци, дефинирани се бројни обврски и одговорности на контролорите и на обработувачите на личните податоци, како и механизми за препознавање злоупотреби и за примена на начини за заштита на правата на субјектите на личните податоци.