Европска младинска картичка
Европската младинска картичка е бесплатна, а може да ја добие секој млад човек во државата, на возраст од 15 до 29 години. Аплицирањето за картичката е онлајн, преку апликација во која корисникот ги внесува личните податоци.
Со користење на картичката, велат од Агенцијата за млади и спорт, младите имаат поволности и попусти во разни сектори, и тоа: угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки за стручни вештини итн.
Повикот за аплицирање за картичката е отворен на веб-страницата www.mladinskakarticka.mk, а издавањето на картичките ќе започне од 1 јули 2019 година.
М.В