/ Прочитано:

1.558

Европската Унија ќе ја засили соработката со Западен Балкан за поефикасна борба против тероризмот

Приоритет на пакетот мерки за борба против тероризмот кои вчера во Брисел ги усвои Европската Унија предвидуваат борба против радикализацијата и користење интернет и социјални мрежи во радикализацијата, а што се однесува, пак, до зајакнување на соработката со земјите од Западен Балкан, сè со цел ефикасна борба против тероризмот, Советот на Европската Унија ја истакнува важноста на оперативното партнерство со сите држави од регионот со постојни модели на соработка.

Европската Унија се обврза на многу посилна соработка со земјите од Западен Балкан во борбата против тероризмот, што, всушност, е приоритет на пакетот мерки за борба против тероризмот кои вчера во Брисел ги усвои Европската Унија.

Особено се истакнува фактот дека тероризмот е најголема закана поради што во наредниот период Европската Унија ќе работи на зајакнување на своите капацитети за борба и надзор над финансиските текови.

Усвоените пакет мерки предвидуваат борба против радикализацијата и користење интернет и социјални мрежи во радикализацијата.

Советот за надворешни работи на ЕУ наведува дека се усогласени мерките што треба да ги преземе Одборот за надворешни работи на Унијата. Една од мерките ќе биде испраќање експерти за безбедност и борба со тероризмот во делегациите на ЕУ.

Што се однесува, пак, до зајакнување на соработката со земјите од Западен Балкан, сè со цел ефикасна борба против тероризмот, Советот на Европската Унија ја истакнува важноста на оперативното партнерство со сите држави од регионот со постојни модели на соработка, вклучително и Иницијативата на Западен Балкан против тероризам, како и системите за јакнење на безбедносни управи кои опфаќаат и борба против организиран криминал и безбедност на границите.

„Советот на Европската Унија дава значење на заедничките напори во контролата и спречувањето на незаконската трговија со оружје, движење на странски борци во борба против влијанието на екстремистичките идеологии на Западен Балкан“, беше соопштено веднаш откако ЕУ го усвои пакетот мерки за борба против тероризмот.

А. Б.