/ Прочитано:

799

Европски ден на правдата

Дваесет и петти октомври е Европски ден на граѓанската правда, кој секоја година се одбележува во европските држави. Целта на неговото одбележување во сите европски држави е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување.

„Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и сл.).

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа, кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судиите, медијаторите, нотарите со граѓаните, давање информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл,

Адвокатската комора за Европскиот ден на правдата организира онлајн отворен ден за граѓаните

М.В