/ Прочитано:

2.020

Европски суд на правдата донесе пресуда во врска со враќањето на бегалците од страна на Австрија и Словенија во Хрватска

Европскиот суд на правдата донесе пресуда во полза на Австрија и Словенија, а која се однесува на можноста да се враќаат бегалци  во Хрватска бидејќи, како што  образложува судот, бегалците како баратели на азил може бидат вратени во првата земја членка на ЕУ во која пристигнале од нивната матична држава.

Судот во овој предмет се водел според Даблинските правила кои се однесуваат на барателите на азил во ЕУ, и при донесувањето на одлуката судот ги зел предвид и шенгенските гранични правила кои предвидуваат преминување на границите само преку определени премини и во точно определено време, кои се однесуваат на граѓани кои доаѓаат од држави кои не се членки на ЕУ.

Судот понатаму во образложението дополнува дека ако се прифати тоа дека влезот на државјанин кој доаѓа од земја која не е членка на ЕУ од хуманитарни причини по пат на отстапување од горенаведените правила за влез не претставува кршење на шенгенските правила и тоа би значело дека државата членка на ЕУ не е одговорна за разгледување на барањето за меѓународна заштита поднесено од тоа лице во друга земја членка на ЕУ.

Во конкретниот случај се работи за маж – српски државјанин и две авганистански семејства кои во ЕУ влегле преку Хрватска и имале намера преку Словенија да стигнат до Австрија, но на крајот, според пресудата, тие треба да се вратат назад во Хрватска како прва земја членка на ЕУ во која пристигнале со цел таму да побараат азил.

Во јануари оваа година словенечкиот парламент ги усвоил измените на законот за странци, со цел да се преземат итни мерки за да се идентификуваат бегалците што влегуваат во државата и да се протераат оние што немаат соодветно барање за азил, а минатата година во септември Австрија се закани со правна постапка против Унгарија ако таа не почне да ги прифаќа мигрантите што поминуваат преку Австрија и одат кон Унгарија.

С.М.