/ Прочитано:

2.517

„Евростат“ ќе го оценува Државниот завод за статистика

Почнувајќи од денеска, па до 17 февруари, „Евростат“ ќе го оценува Државниот завод за статистика, којшто е координатор на националниот статистички систем во земјава, како и овластените носители вклучени во спроведување на статистичките истражувања во државава.  Оценувањето ќе го вршат експерти оценувачи, активни или пензионирани статистичари, со долгогодишно работно искуство во статистичка институција од Европската Унија, а ќе биде вклучен и набљудувач од „Евростат“.

Во наредните четири дена експерти на Европската агенција за статистика „Евростат“ ќе спроведат партнерско оценување на националниот статистички систем на Македонија. Имено, почнувајќи од денеска, па до 17 февруари, „Евростат“ ќе го оценува Државниот завод за статистика, којшто е координатор на националниот статистички систем во земјава, како и овластените носители вклучени во спроведување на статистичките истражувања во државава. 

Оценувањето ќе го вршат експерти оценувачи, активни или пензионирани статистичари, со долгогодишно работно искуство во статистичка институција од Европската Унија, а ќе биде вклучен и набљудувач од „Евростат“.

Во фокусот на партнерското оценување ќе биде направена суштинска анализа и за таа цел ќе биде оценувана усогласеноста на статистичкиот систем на Македонија со сите 15 принципи содржани во Кодексот за работа на европската статистика.

Целта на оваа активност, која ќе ја спроведуваат експертите од „Евростат“, е објективно да се оцени напредокот во усогласувањето со Кодексот, да се утврдат областите во коишто е потребно натамошно зајакнување, како и да се подобри капацитетот за висококвалитетна статистика. По завршување на оценувањето и по сеопфатната анализа се очекува да се подобри транспарентноста и кредибилитетот на статистичкиот систем во Македонија и да се истакнат иновативните практики во европскиот статистички систем. 

Ова е второ партнерско оценување на Државниот завод за статистика што го спроведува „Евростат“. Првото беше спроведено пред точно седум години, односно во 2010 година.

А. Б.