/ Прочитано:

934

ЕВРОСТАТ: Македонија веќе не е азилантска закана за ЕУ

Вторник, 18 јуни 2013 – Eвропската канцеларија за статистика (Евростат) денеска излезе со статистички податок за бројот на лица што барале и добиле азил во земјите-членки на Европската унија минатата година. Од Евростат забележуваат дека Македонија не е повеќе земја од каде има закана за баратели на азил.

Од 407.300 барања за азил, само 102.700 лица добиле заштита во Унијата, при што во ниту една од 27-те земји-членки во првите пет групи на лица што побарале заштита нема граѓани на Македонија, ниту од Србија и Босна и Херцеговина, констатира 

Од Евростат констатираат дека со овој факт се потврдува дека Владите на земјите од Западен Балкан презеле сериозни мерки во меѓувреме со што е запрен приливот на азиланти поради кој ЕУ се закануваше и со укинување на безвизниот режим.

Пред извесно време, Европската комисија побара воведување на механизам наречен „заштитна клаузула“ со кој ќе може привремено да го укинува безвизниот режим за некои држави што извезуваат најголем број на азиланти. Сепак, механизмот доживеа несогласување и не помина ниту во Европскиот парламент, ниту на Советот на министри. Минатиот месец се усвои заеднички систем за прием на азиланти во Унијата.