Фајнанс тинк: 80% од работните места биле зачувани поради финансиската поддршка
„Фајнанс тинк“ го публикуваше Брифот за политиките бр. 41 Дали беше неопходна финансиската поддршка на фирмите за задржување на работните места во време на Ковид-19?
- Финансиската поддршка од 14.500 денари по работник покрива околу 198.000 работници, што е теоретскиот потенцијал на мерката еквивалентен на фискален трошок од 46.6 милиони евра месечно
- Вкупниот број работни места кои би биле изгубени поради кризата се проценува на 75.000, од кои се проценува дека 80% биле зачувани поради финансиската поддршка
- Без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност ќе изнесуваше 23.9%
- Фајнанс тинк препорачува важноста на двете мерки за задржување на работниците – финансиска поддршка од 14.500 денари по работник и субвенција во износ од 50% од социјалните придонеси – да се прошири и на месец јуни 2020